54
Тино Чрупала, потпретседател на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD), изјави дека двојното државјанство треба да се укине, јавува агенцијата „Анадолија“.
На прес-конференција тој го критикуваше двојното државјанство во Германија, нагласувајќи дека тоа е „проблематична практика“.
„Оваа практика треба да се ревидира и на крајот да се укине“, рече Чрупала.
Неговата изјава дојде во контекст на дискусијата за можно укинување на двојното државјанство во случаи кога некое лице е осудено за тешко кривично дело.
Во Германија ќе се одржат федерални избори на 23 февруари оваа година.