387
Специјалниот советник на американскиот државен секретар Дерек Шолe во телефонски разговор со српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина изјавил дека неприфатливите чекори на владејачката коалиција во Република Српска имаат за цел, како што тврди, подривање на институциите на БиХ.
Во објава на Твитер, Шоле изјави дека „ за корупцијата и антидејтонските акции ќе следат казни“.
„Мора да има враќање на дијалогот во институциите на БиХ“, рече тој.
Минатата недела Собранието на Република Српска донесе Заклучоци за трансфер на надлежностите, со што на територијата на Српска нема да се применуваат законите и другите прописи со кои надлежностите од РС се префрлени на институциите на БиХ.