Преговорите продолжуваат утре, Турција тврди Украина и Русија се блиску до договор

од Milan1
221 прегледи

Делегациите на Русија и Украина утре треба да ги продолжат мировните преговори во онлајн формат, објавија денеска украински медиуми.

– Онлајн состанокот на украинската и руската делегација е планиран за 21 март, наведуваат медиумите, повикувајќи се на неименуван висок извор.

Како што се додава, преговорите на ниво на експертски групи се одвиваат секојдневно.

Турција денеска соопшти дека Русија и Украина постигнале напредок во преговорите за запирање на инвазијата, а двете завојувани страни се блиску до договор.

– Се разбира, помирувањето не е лесно да се постигне додека трае војната, додека се убиваат цивили, но би сакале да кажеме дека сепак импулсот зема замав. Гледаме дека страните се блиску до договор, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во јужната турска провинција Анталија.

Чавушоглу оваа недела ги посети Русија и Украина, откако Турција, која има силни врски со двете земји, се обиде да се позиционира како посредник.

 

Слични содржини