Кристин Кабот, поранешната директорка за човечки ресурси во софтверската компанија „Астрономер“, се појави во јавноста за прв пат по скандалот со концертот на „Колдплеј“, што резултираше со нејзина оставка.
Како што пишува „Дејли меил“, 52-годишната Кристин, која е во брак со милијардерот Ендру Кабот, поднесе оставка откако „камерата за бакнување“ ги фати неа и директорот на компанијата Енди Бајрон во интимен момент на концертот на „Колдплеј“ во Бостон на 16 јули. Видеото брзо стана вирално, а нивните животи беа уништени.
Компанијата „Астрономер“ сега потврди дека Кристин ја напуштила својата позиција. „Кристин Кабот повеќе не е дел од нас, таа поднесе оставка“, изјавија за TMZ.
Во меѓувреме, извршниот директор Енди Бајрон, исто така, поднесе оставка.
Кристин беше видена во среда пред нејзиниот луксузен дом во Рај, Њу Хемпшир, вреден 2,2 милиони долари, како ги полева цвеќињата без венчален прстен на раката. Иако не проговори, се чинеше дека е повеќе загрижена за своите растенија отколку за својата брачна ситуација.
Astronomer HR exec Kristin Cabot resigns as she’s seen for the first time without wedding ring since Coldplay kisscam scandal https://t.co/eDdlzzsc61
— Daily Mail (@DailyMail) July 24, 2025