Премиерката Мелони му се заблагодари на Рама и на албанскиот народ за договорот за мигранти

од Radmila Tasevska
259 прегледи

Премиерката на Италија Џорџа Мелони го поздрави изгласувањето на протоколот за соработка со Албанија, во областа на миграцијата, заблагодарувајќи му се на „премиерот Еди Рама, институциите и албанскиот народ за пријателството и соработката“.

-Парламентот на Албанија го ратификуваше договорот за соработка со Италија против илегалната имиграција и трговијата со луѓе. Благодарност до премиерот Еди Рама, институциите и албанскиот народ за пријателството и соработката, пишува Мелони во објава на социјалните мрежи.

Претходно, по усвојувањето на договорот реагираше премиерот Рама оценувајќи дека „Албанија делувала како земја членка на ЕУ, која го дели товарот што Европа мора да го носи како обединето семејство“.

Албанскиот Парламент вчера го одобри договорот за мигранти, потпишан на 6 ноември минатата година во Рим, од премиерот Рама и неговата италијанска колега Мелони.

За документот за чие донесување беше потребно просто мнозинство од 140-члениот законодавен дом, гласаа 74 пратеници од социјалистичкото мнозинство и тројца пратеници од Партијата за правда, единство и интеграција, кои укажаа на поддршката што Италија и ја дава на Албанија низ годините.

Пратениците на Демократската партија не учествуваше на гласањето, додека по седницата координаторот на пратеничката група Газменд Барди, воедно и потписник на барањето упатено до Уставниот суд за поништување на договорот, рече дека Протоколот меѓу двете земји „е во спротивност на јавниот интерес и ја загрозува националната безбедност“.

Уставниот суд првично ги прекина собраниските процедури за ратификација на договорот, додека ја испитуваше неговата содржина, а одлуката ја соопшти се на крајот на јануари, со која го одби барањето на пратениците од опозицијата, оценувајќи дека нема прекршување на Уставот.

Оваа пролет треба да почнат да функционираат два центри, во пристанишниот град Шенѓин и во Ѓадр, поранешна, сега напуштеа воена база, и двата во околијата Лежа. Месечно ќе бидат сместувани три илјади мигранти или 36 илјади годишно.

Договорот има важност од 5 години со можност за негово продолжување. Центрите, кои треба да профункционираат оваа пролет, за пет години, Италија ќе ја чинат над 650 милиони евра.

Италијанскиот Сенат договорот го ратификува на 15 месецов со 93 гласа „за“ и 61 „против“.

Слични содржини