Премиерката на Бангладеш поднесе оставка и побегна од земјата: Најмалку 300 демонстранти загинаа

од Илинка Илиоска
25 прегледи

Премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина поднесе оставка и ја напушти земјата. Како што пренесуваат светските медиуми, таа тоа го направила по ескалацијата на протестите кои траат веќе неколку недели и во кои загинаа голем број луѓе.

Претходно, интернетот и мобилните услуги беа блокирани низ Бангладеш, а антивладините демонстранти најавија марш кон главниот град Дака.

Се очекува денеска да им се обрати на граѓаните началникот на армијата на Бангладеш, генерал Вакар-уз-Заман.

Бројот на загинати од почетокот на демонстрациите во Бангладеш се искачи на најмалку 300, бидејќи 94 лица загинаа вчера во судирите меѓу демонстрантите и поддржувачите на владата, објави Франс прес.

Да потсетиме дека демонстрациите почнаа кога студентите бараа прекин на системот на квоти за државните работни места, но судирите меѓу полицијата и провладините активисти прераснаа во насилство во кое минатиот месец загинаа повеќе од 200 луѓе.

Ова поттикна повеќе протести со барање одговорност од владата, што се претвори во повици за оставка на премиерот.

 

Слични содржини