Премиерката на Данска е под истрага за убиство на 17 милиони визони

од Milan1
289 прегледи

Данската премиерка Мета Фредериксен се соочува со истрага за убиството на целата популација визони  (животни од семејството куни, ласици)  во земјата минатата година.

Откако на фармите беше откриена мутирана верзија на хуманиот корона вирус, нејзината влада нареди убивање на сите 17 милиони куни во земјата во ноември 2020 година.

Владата подоцна призна дека нема законско овластување да убива здрави животни, туку само заразени со корона вирусот, а Моргенс Јенсен, данскиот министер за земјоделство, поднесе оставка поради тоа.

„Каков мотив требаше да има владата за да го прикрие немањето правна основа? Да бидам многу јасна: не знаев“, изјави Фредериксен на прес-конференција во средата, пренесува Танјуг.

Во декември, парламентот започна истрага за тоа дали другите членови на владата, вклучително и премиерката Фредериксен, знаеле дека нема правна основа за одлуката и ја игнорирале.

Опозициските пратеници ja обвинија премиерката дека намерно ја попречува истрагата што треба да се одржи во април.

Инспекторите сакаа да ги прегледаат СМС пораките испратени од Фредериксен и официјални лица од нејзината канцеларија, но рекоа дека тие биле избришани бидејќи службениците ги направиле нивните телефони да ги бришат пораките по 30 дена, а Министерството за правда сега работи со полицијата на нивната реконструкција.

„Дали овие СМС пораки ќе покажат нешто ново за моето сознание за немањето правна основа? Не, нема“, рече Фредериксен.

Поради одлуката на владата на премиерот Мета Фредериксен да убие 17 милиони визони од 1.100 фарми, се случи најголемата криза на данската влада од почетокот на пандемијата на корона вирусот.

Слични содржини