Премиерот Ковачевски утре во Белград ќе учествува на Конференција за инвестиции во енергетика во Западен Балкан

од Destan Jonuzi
173 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, утре во Белград, ќе учествуваат на Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка.

Премиерот Ковачевски заедно со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија ќе ги пречекаат претседателот на Србија Вучиќ и Андреас Б. Ериксен, заменик министерот за енергетика и специјалниот пратеник на премиерот на Кралството Норвешка, во Палата Србија каде ќе се случува настанот.

Сите лидери од Западен Балкан е предвидено да учествуваат на официјалното отворање на Конференцијата и на панел дискусија посветена на можностите за инвестиции во земјите од Западен Балкан од страна на норвешки инвеститори.

Со почеток во 12:15 часот е предвидена заедничка прес-конференција на која ќе говорат лидерите Ковачевски, Вучиќ, Рама, Абазовиќ и Тегелтија.

Слични содржини