Премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел на Твитер објави дека денеска разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.
„Само што разговарав повторно со Владимир Путин. „Откако последен пат се слушнавме, ситуацијата на теренот се влоши, особено во Мариупол“, рече тој.
„Сликите што допираат до нас се неподносливи. Деескалацијата, примирјето и понатамошните преговори мора да останат главни цели“, рече луксембуршкиот премиер.