Премиерот нобеловец за мир во униформа: Паѓаат како лисја, поразени се (ВИДЕО)

од Milan1
359 прегледи

Етиопскиот премиер Аби Ахмед, добитник на Нобеловата награда за мир, од фронтот во регионот Тиграј рече дека неговите непријатели се поразени во регионот Афар и вети дека ќе ја вратат територијата од бунтовниците и во регионот Амхара.

Ахмед е прикажан на снимката на етиопската државна телевизија Фана во воена униформа на фронтот, како гледа низ двоглед и вели дека источната команда постигнала незамислива победа, по само еден ден планирање и борба.

„Сега ќе постигнеме победа и на овој фронт“, им рекол Ахмед на војниците во областа Амхара, пренесува Ројтерс, наведувајќи дека не може да ја потврдат локацијата на која се наоѓа етиопскиот премиер.

Повеќе од една година етиопската армија се бори против бунтовниците од регионот Тиграј минатата недела премиерот Ахмед објави дека оди на фронтот лично да ги следи воените операции.

„Младоста на Тигар паѓа како лисја. Треба да знаат дека се поразени и да се предадат“, вели премиерот на видеото.

Бунтовниците на народниот ослободителен фронт Тиграј се заканија претходно дека ќе влезат во главниот град Адис Абеба или ќе го пресечат коридорот што ја поврзува Етиопија со најголемото пристаниште во регионот.

Војната во Етиопија избувна во ноември 2020 година во регионот Тиграј меѓу етиопските федерални трупи и Народноослободителниот фронт Тиграј, а во јули конфликтот се прошири во два соседни региони во северна Етиопија.

Слични содржини