Преседан во Кина: На тетовираните фудбалери им е забрането да се натпреваруваат

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Ново бизарно правило доаѓа од Фудбалскиот сојуз на Кина во врска со претставниците на најнаселената земја во светот.

Имено, на кинеската репрезентација ќе и биде забрането да има тетоважи на своето тело, бидејќи тие претставуваат лош пример во општеството.

Во соопштението на локалната федерација се наведува дека е забранет избор на фудбалери со тетоважи, без разлика дали настапуваат за сениорската селекција или за помладите категории, пренесe „Би-Би-Си“.

Генералниот директорат за спорт наведува дека на досегашните репрезентативци кои имаат тетоважи им било наредено да ги отстранат. Така, на некои од ѕвездите таму, како на Жан Линпенг, им беше кажано дека мора да ги покријат сликите на нивните тела.

Во кинеската култура тетоважите се поврзуваат со криминални групи, а според етничките права често се претставени како симбол на нецивилизирани луѓе. Да потсетиме, минатиот декември женската универзитетска лига мораше да биде откажана, откако на играчите им беше кажано дека е забрането фарбање на косата.