20
Партијата „Коалиција за промени“ објави шокантно видео на платформата Х, на кое се гледа Ника Гварамија во бесознание, како го носат неколку мажи држејќи го за раце и нозете по улиците.
Полицијата во Тбилиси го уапсила Гварамија, лидер на една од главните опозициски партии во Грузија, по што бил претепан и онесвестен, соопшти неговата партија. Според соопштението, Гварамија бил насилно фрлен во полициско возило и однесен, иако бил физички нападнат и во несвест.
Грузија е во политичка криза, со секојдневни масовни протести низ улиците, поддржани од опозицијата, против одлуката на владата да ги прекине преговорите за членство во Европската унија.