Претежно сончево и топло со мала до умерена облачност

од Илинка Илиоска
3,6K прегледи

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во планинските подрачја, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Во Скопје и околината, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 7.

Минималната температура се движи во интервал од 10 до 19, а максималната ќе биде од 27 до 36 Целзиусови степени.

Слични содржини