Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведено едно лице

од Radmila Tasevska
125 прегледи

Вчера, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Ц.(27) од село Ботун, општина Дебарца. При претрес во дом во Охрид, каде привремено престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини