Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, која не припаѓа на ниту една партија, оцени дека денешниот митинг на владејачката партија Грузиски сон во Тбилиси е акција на рускиот претседател Владимир Путин.
„Вчера беше 15-тиот ден од масовните спонтани протести против „рускиот за3кон“ и за европската иднина на Грузија. Денеска беше „акција на Путин“: државните службеници „влетаа“ во Тбилиси за да им аплаудираат на одлуките на владејачката партија. Вистинската Грузија е слободна Грузија! Европска Грузија!“, напиша Зурабишвили на социјалната мрежа Икс под видеото од автобусите кои ги превезуваат учесниците на протестот од регионот до Тбилиси.
Владејачката партија денешниот настан го нарече „народна средба“.
Главната цел, велат тие, е да се покаже дека мнозинството од општеството го поддржува законот за странски агенти и другите контроверзни иницијативи кои, според критичарите, ја оддалечуваат земјата од Европа, пренесува Georgia News.