Претседателот на Бангладеш денеска го распушти парламентот, што беше клучно барање на студентските демонстранти кои ги предводеа протестите со кои беше соборен долгогодишниот владетел Шеик Хасина, се вели во соопштението.
„Претседателот го распушти парламентот“, рече во изјавата Шиплу Заман, прес-секретар на претседателот Мохамед Шахабудин.
Распуштањето на Парламентот беше клучното барање на координаторите на студентските протести, кои поставија краен рок до 15:00 часот по локално време, потсетува Би-Би-Си.
Студентските рекоа дека нема да прифатат влада предводена од војската и рекоа дека нобеловецот за мир Мухамед Јунус се согласил да биде главен советник на привремената влада.
Координаторот на студентските протести во Бангладеш Асиф Махмуд го поздрави распуштањето на парламентот, велејќи дека е исполнет „ултиматумот“ на студентите.
Објавата на Махмуд на Фејсбук веќе собра повеќе од 100.000 лајкови.
Претходно денеска, тој и другите водачи на студентски протест предупредија на „тешки чекори“ доколку официјалните лица не ги исполнат нивните барања.
Распуштањето на Парламентот го отвора патот за формирање привремена влада.