Претседателот на Бундесбанк: Возраста за пензионирање треба да се прилагодува на очекуваниот животниот век

од Milan1
45 прегледи

Германија треба да ја прилагоди возраста за пензионирање со очекуваниот животен век, изјави претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел.

„Можеби тоа не е политички популарно, но верувам дека реформите се неизбежни“, изјави Нагел за Тагесшпигел во средата, пренесува ДПА.

Бундесбанката верува дека „старечкото општество не може да продолжи да напредува без промени“, додаде тој.

Нагел не ја претстави својата идеја за промените, но ја критикуваше можноста за пензионирање на 63 години како поттик за луѓето да се пензионираат прерано.

„Со оглед на нашата демографска перспектива, важно е да ја мобилизираме работната сила“, рече претседателот на германската централна банка, додавајќи: „Мислам дека е соодветно да се земе предвид подолгиот животен век кога се размислува за возраста за пензионирање“.

Нагел се залага и за олеснување за пензионерите кои сакаат да продолжат да работат. „Мораме да им овозможиме на луѓето кои сакаат да работат и покрај пензијата да можат да го сторат тоа Проблемот со недостиг на работна сила повлекува и други промени, од подобра инфраструктура за згрижување деца до стимулации за странците да дојдат да работат во Германија“, рече Нагел.

Тој се изјасни и против економскиот песимизам.

Слични содржини