Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа денеска прогласи вонредна состојба поради недостиг на струја и побара од министерот за енергетика да поднесе оставка.
Поради сушата, предизвикана од климатскиот феномен Ел Нињо, намалено е производството на електрична енергија во хидроцентралите, кои се главен извор на електрична енергија во таа јужноамериканска земја, објави Ројтерс. Ова доведе до планирани прекини на струја и нејзин увоз од соседна Колумбија.
Министерството за енергетика и рудници во понеделник објави намалување на електричната енергија на национално ниво кое го предизвика недостатокот на врнежи.
Нобоа, исто така, рече дека имало саботажа во одредени електрани.
„Покрената е истрага во областите каде што беше пријавена штетата“, рече тој, не давајќи други детали.
Во декември, владата на Нобоа предложи на националното собрание итен закон за модернизација на електроенергетскиот сектор, кој беше одобрен во јануари.