Претставничката на Германија во ОН: Прифатени се сите амандмани на текстот на резолуцијата за Сребреница

од Илинка Илиоска
441 прегледи

Постојаната претставничка на Германија во ОН, Антје Лендерце денеска при презентацијата на нацрт-резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница на Генералното собрание во Њујорк изјави дека се прифатени сите амандмани на оригиналниот текст.

Таа денеска на почетокот на седницата презентирајќи ја нацрт-резолуцијата во име на коспонзорите Германија и Руанда, која беше спонзорирана од 34 други земји, рече дека е благодарна за конструктивниот пристап на Црна Гора, која ги поднесе амандманите и дека биле прифатени.

„Во нацрт-резолуцијата беа вклучени два амандмани, Црна Гора побара да се подвлече дека одговорноста е индивидуална и не може да се однесува на ниту една етничка група. Сите етнички заедници за време на војната во БиХ страдаа и сакаме сите жртви да бидат признаени. Сигурна сум дека амандманите на Црна Гора ќе помогнат резолуцијата да биде изгласана“, рече Лендерце.

Таа ги повика сите членки на ОН да се приклучат на резолуцијата, чија цел е „да го поттикне помирувањето во иднина“.

„Нашата иницијатива треба да им оддаде почит на жртвите и да ги поддржи преживеаните. Означувањето на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на Сребреница треба да овозможи годишно одбележување на денот во ОН и да содржи јазик против негирањето на геноцидот. Лажните обвинувања за оваа резолуција се ширеа, таа не е насочена не против која било земја, дури ни Србија, ценета членка на ОН, туку против сторителите“, рече претставникот на Германија во ОН, пренесе Бета.

Со едноминутно молчење за загинатиот ирански претседател Ебрахим Раиси денеска во Њујорк почна седницата на Генералното собрание на Обединетите нации на која ќе се гласа за резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Слични содржини