Претставници на ЕБОР во посета на земјава за зајакнување на деловниот дијалог

од Илинка Илиоска
17 прегледи

Претставници на Европската банка за обнова развој (ЕБОР) од денеска до петок ќе престојуваат во посета на земјава каде ќе остварат средби со претставници на власта, граѓанските здруженија и бизнис секторот.

Како што информираа денеска од ЕБОР, целта на посетата е да се идентификуваат клучните области на ангажманот на ЕБОР со цел да се интензивира деловниот и политичкиот дијалог.

Според најавите, претставниците на ЕБОР ќе се сретнат со министерката за енергетика, рударство и минерали Сања Божиновска и со државниот советник на министерот за енергетика Елена Ивановска. Ќе остварат средби и со вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска, како и со Викторија Глигорова, директор на супервизија во Народната банка. Претставниците на ЕБОР ќе имаат средби и со комерцијалните банки и енергетските компании (МЕПСО, ЕСМ и НОМАГАС), како и со граѓански организации.

ЕБОР досега има инвестирано околу 2,9 милијарди евра во 196 проекти во земјава.

Слични содржини