Претставниците на ЕУ бараат поригорозни санкции за Орбан

од Milan1
26 прегледи

Во итно писмо, заеднички потпишано од претставници на повеќе пратенички групи, а достапно до студиото АРД во Брисел, европарламентарците бараат конечно да и се укинат на Унгарија сите средства од Европската унија.

На овој потег се одлучиле бидејќи досегашните санкции, како што наведуваат, не донеле резултат. Според ДВ, тоа е многу јасен повик на претставник на Европскиот парламент до Европската комисија со цел да се зголеми притисокот врз Унгарија. Претставниците на демохристијаните, социјалдемократите, либералите и зелените сакаат конечно да се исклучи владата на Виктор Орбан, вели европскиот политичар Мориц Кернер, кој доаѓа од Германската либерална партија (ФДП).

„Кој воопшто не се грижи за почитување на вредностите на ЕУ, не заслужува ниту едно евро од буџетот на ЕУ“, изјави тој. Истовремено, како што вели европратеникот на Зелените, Даниел Фројнд, станува збор за заштита на финансиските интереси на ЕУ, а со тоа и на европските даночни обврзници, во согласност со важечките законски прописи. Фројнд, кој го иницираше ова писмо, е познат како еден од најжестоките поддржувачи на владеењето на правото во Европскиот парламент.

„Ситуацијата на теренот не е подобрена“

„Гледаме дека во овие две и пол години, откако се во сила санкциите, ситуацијата на терен не е подобрена“, вели Фројнд. Напротив, сега, како што наведува, „секоја недела се евидентираат нови напади врз независното судство, граѓанското општество, слободните медиуми и слободата на изразување. И затоа сега велиме многу, многу јасно: на тоа мора да му дојде крајот“.

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Да потсетиме, пред неколку дена унгарската влада ги заостри мерките против невладините организации бидејќи ги смета за закана за суверенитетот на земјата. Со ова, владата на Орбан овозможи невладините да бидат ставени на црна листа, да бидат санкционирани доколку е потребно и да им се ограничат финансиските средства.

Десетици илјади луѓе наскоро протестираа во Будимпешта против планираниот закон кој ќе и дозволи на владата да ги санкционира невладините организации и медиумите кои ги смета за закана за унгарскиот суверенитет. Демонстрантите во Унгарија и во странство велат дека предложените мерки се дел од напорите да се потиснат критичките гласови како што се невладините организации и независните медиуми.

Тие вееја знамиња на Унгарија, ЕУ и Прајд, а на еден транспарент пишуваше: „Сакам да живеам во слободна Унгарија, а не во диктатура“. Нацрт-законот „за транспарентност во јавниот живот“ ќе ја овласти владата да стави на црната листа на организации кои „го загрозуваат суверенитетот на Унгарија со користење на странско финансирање за влијание врз јавниот живот“.

На оние што ќе завршат на таа листа ќе им биде забрането да примаат донации преку унгарскиот годишен систем за придонеси за данок на доход од еден процент, важен извор на приход за непрофитните организации. Дополнително, тие треба да бараат дозвола за финансирање од странство.

Слични содржини