Измама, кражба или телесни повреди… Статиста објави листа на 20 најопасни градови во Германија врз основа на статистиката за криминал.
Се што сјае не е злато! Така, некои градови кои се импресивни на прв поглед имаат и темна страна. Стапката на криминал е особено висока во големите градови. Овде лесно им е на криминалците од секаков вид. Во германските метрополи не е многу тешко на сторителот да исчезне во толпата.
На листата на најопасните германски градови се наоѓаат Бон, Трир, Дортмунд, Оснабрик, Хамбург, Ахен, Дизелдорф, Бремен, Келн, Сарбрикен, Кобленц, Берлин и Франкфурт.
Статиста, германска онлајн статистичка платформа која дава достапни податоци од институции за истражување на пазарот и мислење, како и деловни и официјални статистики, објави листа на 20 најопасни градови во Германија.
Список на 20 најопасни градови во Германија:
Франкфурт на Мајна
Берлин
Хановер
Кобленц
Сарбрикен
Келн
Бремен
Бремерхавен
Магдебург
Дизелдорф
Ахен
Хале ан дер Зале
Кајзерслаутерн
Хамбург
Лајпциг
Реклингхаузен
Оснабрик
Дортмунд
Гетинген
Трир