Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, вчера (29.12) заедно со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Ѓорче Петров и Драчево, како и од Полициското одделение Петровец беа реализирани пет едукативни работилници и тоа во основното општинско училиште „Ѓорче Петров“ (Ѓорче Петров); потоа во основното училиште „Алија Авдовиќ“ (село Батинци) и средното училиште „Браќа Миладиновци“ (Драчево) како и во основните училишта „Братство-Единство“ (село Коњари) и „Кочо Рацин“ на подрачјето на ПО Петровец.
Превентивните активности во склоп на проектот „Безбедност во училиштата“ беа посветени на темата – „Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства“. Основна цел беше подигање на свеста кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, со посебен фокус на можностите од сериозни повреди од неовластеното користење на петардите, како и начините за преземање на превентивни активности насочени кон одржување и подигнување на општото ниво на безбедност и јавен ред и мир.
Инаку, вчера Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Одделението за безбедност на патниот сообрќај Скопје во централното градско подрачје на Скопје реализирае превентивни активности во рамки на кампањата „Вози одговорно – патувај безбедно“, со посебен акцент на периодот на новогодишните и божикни празници, и потребата од стриктно почитување на законските правила и прописи.