Во лизгање на земјиште во Колумбија што го предизвикаа обилните дождови загинаа најмалку 14 лица, јавува Би-Би-Си, а 35 лица се во болница откако свлечиште погоди неколку куќи во областа Доскебрадас.
Другите жители кои живеат во близина на надојдената река во близина се преместени на безбедно. Спасувачките тимови во калта трагаат по преживеаните, соопштија колумбиските власти за управување со катастрофи.
A landslide has killed 6 people and injured 21 in the city of Pereira after heavy rains. #Colombia #Landslide #Landslides pic.twitter.com/Atfnbk62P5
— NEWS/INCIDENTS (@Brave_spirit81) February 8, 2022
Се стравува дека бројот на загинати дополнително ќе расте. Одроните се вообичаени во Колумбија, а куќите изградени на стрмни падини се особено загрозени за време на сезоната на дождови во земјата. Во 2019 година, најмалку 28 луѓе загинаа по лизгање на земјиштето во југозападната провинција Каука. Две години претходно, повеќе од 250 луѓе загинаа кога лизгање на земјиштето го погоди градот Мокоа, во јужната провинција Путумајо.
7 dead and 25 injured were left behind by a landslide near La Esneda. #Pereira #Colombia pic.twitter.com/ZToQCF07F2
— NEWS/INCIDENTS (@Brave_spirit81) February 8, 2022