Пријатели му го честитаат 60-от роденден на Црвенковски: „Да ве има почесто и погласно“

од Берта Китинска
230 прегледи

Поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски денеска го слави 60-тиот роденден.

„Среќен роденден на Претседателот Црвенковски, мојот учител и пријател!Да славите уште многу јубилеи, да Ве има почесто и погласно“, напиша на фејсбук професорката Ана Павловска Данева.

Името на Црвенковски честопати беше споменувано изминатиот период во насока дека ќе се врати од „политичката пензија“, но овие информации досега не се потврдени од негова страна.