Пријателите на Бјанка: Канје и наредил да не зборува, мора да носи она што тој сака

од Radmila Tasevska
302 прегледи

Канје Вест и забрани на својата сопруга Бјанка Ценсори да ги користи социјалните мрежи „за да ја заштити од негативни коментари“, тврдат упатените, додавајќи дека нејзините пријатели веруваат дека тоа е само уште една негова тактика дополнително да ја изолира од сите, пишува „Дејли Меил“, цитира Стандард лајф.

„Бјанка отсекогаш имала социјални мрежи и била активна на нив – се додека не се омажила за Канје. Тој не сака таа да ги користи бидејќи мисли дека ќе ја повреди ако мора да ги чита грдите работи што луѓето ги кажуваат. Ја уверил дека со оглед на тоа што сега е ѕвезда, таа мора да остане мистериозна и тоа е морничаво за оние кои ја познаваат, бидејќи сето тоа изгледа како друга форма на контрола од него“, изјавил инсајдер за британски таблоид.

Сепак, нејзините пријатели се спротивставија на фактот дека раперот, кој го смени името во Је, објавува фотографии од неговата сопруга на својот Инстаграм профил, и покрај тоа што наводно тврди дека и е потребна заштита и приватност.

„Тој ја објавува нејзината голотија на својот профил за да може да ја контролира. Тоа е вознемирувачко, а отсекувајќи ја од светот, таа станува се поизолирана”, додал изворот, пренесуваат медиумите во светот.

Нејзините пријатели биле изненадени кога забележале дека Бјанка, која секогаш била полна со самодоверба, сега само ги исполнува сите барања на Канје.

„Таа силна Бјанка која повеќе не сакаше да се занимава со своите глупости е како повторно да ја нема. Од негов дизајнер стана негова сопруга, што, за жал, не е платена позиција. Таа е заробена во таа врска“, велат нејзините пријатели.

Уште во октомври минатата година беше објавено дека раперот ѝ наредил на сопругата никогаш да не зборува и и поставил бројни правила според кои треба да живее, вклучувајќи ја и храната што може да ја јаде и што може да носи. Упатените тврдеа дека Бјанка веќе воопшто не „размислува сама за себе“, туку едноставно го слуша раперот затоа што ја убедил дека имаат кралски статус.

„Канје има збир на правила за Бјанка, вклучително и дека таа никогаш не зборува и дека мора да го носи она што тој сака да го носи. Исто така, таа мора да јаде одредена храна и да вежба, иако Канје не”, објаснил изворот.

За потсетување, двајцата се венчаа минатиот декември откако раперот се разведе од Ким Кардашијан. Парот постојано изненадува со модните комбинации.

Слични содржини