5
Прилепчанец доби кривична пријава откако нападнал полицаец и со пиштол им се заканувал на органите на редот,.
„СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.И.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 29.11.2024 во угостителски објект во Битола, пријавениот со огнено оружје се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а подоцна и физички нападнал еден од нив. Од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Битола на пријавениот му е одредена мерка притвор“, соопштија од МВР.