Принцот Хари: Принцезата Дајана била прислушувана од новинари од таблоидот „Сан“

Хари побара од судијата на високиот суд да додаде нови тврдења во постоечката тужба против издавачот News Group Newspapers

од Бети Божиноска
794 прегледи

Војводата од Сасекс, принцот Хари изјави денеска дека издавачот на британскиот таблоид „Сан“ незаконски пресретнувал повици од неговата мајка, принцезата Дајана и татко му, кралот Чарлс Трети, пренесува „Асошиетед прес“.

Хари побара од судијата на високиот суд да додаде нови тврдења во постоечката тужба против издавачот News Group Newspapers, откако се појавија нови докази од материјалот обезбеден од страна на медиумскиот конгломерат на Руперт Мардок, NGN, вели неговиот адвокат Дејвид Шерборн.

Во додатокот на жалбата пишува дека принцезата Дајана се сомневала дека ја следат и прислушувале, а Шерборн изјавил дека прислушуваните повици на Дајана и Чарлс неминовно откривале приватни информации за тогаш деветгодишниот Хари.

„Весникот на обвинетиот ја опиша загриженоста на неговата мајка како „параноични заблуди“ иако е точно дека таа била под строг надзор и дека нејзините повици биле незаконски пресретнати“, рече Шерборн.

Тој изјави дека новинарите и директорите на тој медиум знаеле за прислушувањето, додека во соопштението на NGN овие наводи се оценети како „неоправдани заклучоци во подметнат и циничен напад“.

Слични содржини