Принцезата Латифа видена во Париз: Живеам како сакам и добро сум (ФОТО)

од Milan1
341 прегледи

Ќерката на владетелот на Дубаи, принцезата Латифа, која рече дека била заложник на нејзиниот татко на видеата објавени минатата година, го уверила високиот комесар на ОН за човекови права дека е добро за време на состанокот во Париз.

Состанокот, кој не се знае кога се случил, бил одржан на барање на принцезата Латифа, една година откако британските медиуми објавија видеа на кои таа вели дека нејзиниот татко ја држи во заложништво и дека се плаши за својот живот, пренесува „Гардијан“.

„Латифа му кажала на високиот комесар дека е добро и изразила желба да ја почитува нејзината приватност“, изјави високиот комесар Мишел Башелет во твит со слика од две жени на улица во Париз.

„Латифа сака да стави до знаење дека живее како што сака, дека патува, дека е совршено добро и дека би сакала медиумите да и дозволат да живее во мир“, се вели во соопштението за „Скај њуз“.

Латифа (36) е ќерка на владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум. Нејзиниот татко е потпретседател и премиер на Обединетите Арапски Емирати.

Принцезата неуспешно се обиде да побегне од Емиратот во март 2018 година, бегајќи со брод. Во февруари 2021 година, Би-Би-Си емитуваше снимка за која рече дека е направена околу една година откако Латифа беше вратена во Дубаи. На снимката се гледа како таа седи свиткана во аголот на бањата.

„Јас сум заложник и оваа вила е претворена во затвор“, вели таа на видеото снимено со мобилен телефон.

Слични содржини