„Еурофајтер“ на „Луфтвафе“ денеска предизвика хаос на аеродромот во Штутгарт откако бил принуден итно да слета, активирајќи ги сите противпожарни единици во областа, пренесува „Билд“.
Два авиони на „Луфтвафе“ полетале од Нојбург на Донау (Баварија) на тренинг лет кога се активирал алармот во еден од нив, па авионот „запата 2“ непланирано слетал во Штутгарт во 11.22 часот – опкружен со десетина пожарникарски и спасувачки возила.
Вториот авион од одредот „запата 1“ не слетал и се вратил сам во Баварија откако претходно со „запата 2“ направил два круга над аеродромот додека се биде подготвено за принудното слетување.
„Еурофајтерот имал технички проблеми, но безбедно слетал. Сега тим техничари од воздухопловната база Нојбург треба да ја проценат штетата на ловецот-бомбардер вреден 130 милиони евра, изјавил за „Билд“ портпаролот на Луфтвафе.
Поради вонредната ситуација, планот за летање на аеродромот во Штидгард бил нарушен, но подоцна се се вратило во нормала.