713
Авионот со кој италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето се враќаше во Италија од состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел денеска мораше принудно да слета на воениот аеродром Чампино во Рим.
Според упатени извори, слетувањето било неопходно поради чад во багажникот на авионот, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО денеска во Брисел го завршија дводневниот состанок на кој постигнаа договор за долгорочна безбедносна помош и воена обука за Украина, пред планираниот самит од 9 до 11 јули, со кој ќе претседава од американскиот претседател Џозеф Бајден, кога се очекува лидерите на НАТО да ја најават финансиската помош за Украина.