Приштина прогласи вонредна состојба поради големото количество ѓубре, ризикот од епидемија е голем

од Milan1
12 прегледи

Приштина, прогласи вонредна состојба поради големото количество ѓубре на улиците, јавува агенцијата „Анадолија“. Градоначалникот на Приштина,Перпарим Рама, изјави дека регионалното јавно претпријатие „Пастрими“, единственото претпријатие одговорно за собирање смет во градот, не ја извршува ефикасно својата должност.

Истакнувајќи дека „Пастрими“ нема капацитет самостојно да го преземе управувањето со отпадот, Рама рече:

„Ќе продолжиме со вонредната состојба што ја прогласивме, да ангажираме приватни компании да помогнат за правилно чистење на главниот град“.

Властите велат дека теренските увиди од екипи утврдиле висок ризик од епидемија поради смет и дека состојбата е алармантна.

Во некои населби во Приштина со денови не се празнат контејнерите за ѓубре.

Извршниот директор на компанијата „Пастрими“ Петрит Речица реагираше на критиките дека компанијата со која раководи не си ја врши работата како што треба.

„И покрај сите тешкотии, работиме без престан 24/7 и не се откажуваме од нашата единствена цел, а тоа е да ја исчистиме Приштина од ѓубре“, напиша тој на социјалните мрежи.

Поради слична ситуација, Приштина прогласи вонредна состојба во 2024 година и вклучи приватни компании во процесот на управување со отпадот.

Но, подолгорочно решение опозицијата го спречи со донесување на уредба со која „на фирмата „Пастрими“ и се даде ексклузивно право да ја дава оваа услуга.

Слични содржини