Присилна русификација во Украина: „Земјата е целосно избришана од учебниците“

од Nikola Popovski
289 прегледи

Просветните работници на новоокупираните територии на Украина се соочуваат со заплашување, закани и притисок да ја прилагодат училишната програма на проруската реторика.

Пред руската инвазија на Украина, во училиштата низ земјата биле запишани околу 4,23 милиони ученици, според Украинската државна агенција за образование. Сега повеќе од милион деца се внатрешно раселени или принудени да избегаат во странство. Останатите деца се соочуваат со проблемот на русификација во училишниот систем.

Една од образовните жртви на рускиот прогон на воспитувачите била 48-годишната учителка Нина, која се согласила да ја раскаже својата приказна за Си-Ен-Ен.

Руските војници упаднале во нејзиниот дом во североисточна Украина кон крајот на април барајќи учебници.

„Тие насекаде бараа дури и во одводи и надворешниот тоалет“, рекла таа. В

Војниците ја терале да зборува руски, ја одвлекле на училиште каде ја принудувале да ги даде учебниците по историја. Таа изјавиле дека киднаперите и ставиле црна качулка на главата пред да ја однесат на друго место каде што продолжило сослушувањето, најмногу за училишната програма.

„Бев обвинета дека сум премногу патриотка, премногу националистка. „Тие ме прашаа зошто го користам украинскиот јазик… зошто одам во украинска црква“, појаснила учителката.

По нејзиното ослободување, Нина и нејзиното семејство побегнале од страв дека руските трупи ќе се вратат. Нејзиниот случај не е единствениот, бидејќи по окупацијата се натрупуваат извештаи за закани за просветните работници. Една наставничка изјавила за Си-Ен-Ен дека руските војници и пришле на директорката на нејзиното училиште и „и наредиле да ги предаде сите учебници по украински јазик и историја“. Ставот на директорката во тој случај бил строг и војниците „заминале со празни раце“.

Наставничка по математика од окупираната област Луганск, која се согласи да зборува под псевдонимот Марија, изјавилa дека наставниците во нејзиното училиште добиле ултиматум да предаваат според руска програма. Наводно, на војниците им кажале дека руското образование никаде не е признаено и дека децата нема да можат да одат на факултет. На ова добија одговор: „Кои универзитети? Зошто? Ни требаат работници и војници“, раскажала Марија. Но, наставниците во нејзиното училиште продолжиле жестоко да се спротивставуваат на русификацијата со надеж дека украинската војска наскоро ќе ја ослободи областа.

Работа под нишан

Со уништените училишта, некои наставници продолжија да предаваат онлајн како за време на пандемијата. Но, на места каде што поради конфликтот се прекинати интернет-врските, наставата запрела. Во обраќањето на 2 мај, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека најмалку 1.570 образовни институции биле уништени за време на гранатирањето. На 7 мај Украина ја обвини Русија дека фрлила бомба врз училиште во областа Луганск каде што се засолниле 90 луѓе. Се проценува дека животот го загубиле 60 луѓе.

Според Сергеј Хорбачов, омбудсманот за образование, владата примила повеќе од 100 повици за помош од наставници, родители и ученици во окупираните региони.

„Постојат познати случаи на киднапирања на раководители на образовните органи и директори на училишта. Наставниците се принудени да соработуваат и да работат во училиштата под митралез“.

Според регионалните власти на окупираните територии, руските сили ограбуваат села и поставуваат нови директори и наставници во училиштата кои се на страната на окупаторите.

Милитаризација на образованието

Желбата да се усогласи украинскиот образовен систем со руските училишни програми е слична на русификацијата во областите окупирани од руските сили и сепаратистите поддржани од Русија во претходните години. Еден од нив е Крим. Олег Охредко, аналитичар во организацијата која ги следи промените во образованието на окупираните територии, Центар за граѓанско образование Алменда изјавил за Си-Ен-Ен дека на Крим започнала „милитаризација на образованието“ по анексијата.

Крајната цел на претседателот Владимир Путин е да го наметне рускиот јазик и руската пропаганда што ќе ги преобликува историските настани. „Украина е целосно повлечена од училишните учебници и сè станува историја на Русија“, рече Охредко.

И во таа историја на Русија, студентите учат за Украина како непријател.