Приведен кавадарчанец кај кого биле пронајдени примероци од заштитени птици

од Radmila Tasevska
349 прегледи

Полициски службеници вчера во 15.20 часот го лишиле од слобода Р.Ѓ., на возраст од 61 година, од Кавадарци, по претходно добиено известување од Државен инспекторат за шумарство и ловство, за држење и чување примероци од заштитени птици, информираат денеска од СВР Велес.

– Полициските службеници кај Р.Г. пронашле  примероци на заштитени птици од видот „штиглец“ и „зеленки“, кои се одземени и предадени на Државен инспекторат за шумарство и ловство. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од СВР Велес.

Рано изутрина во 3.35 часот, пак, во полициска станица во Неготино бил пријавен пожар на куќа.

-Од страна на полициски службеници се излегло на лице место. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Увид на лице место ќе се изврши во текот на денот, информираат од СВР Велес.

Слични содржини