Вчера околу 23.30 часот, полициски службеници на СВР Tетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(31) од гостиварски Вруток, поради сомнение дека сторил повеќе кражби и тешки кражби на гостиварското подрачје, меѓу кои и вчерапријавена кражба на патничко возило „ауди А3″, со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на К.П.(26) од Гостивар, кое било паркирано на улица „Гоце Делчев” во Гостивар.
Подоцна, возилото било пронајдено на ул.„Никола Парапунов” во Гостивар, додека кај Ф.И. биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои се наоѓале во возилото. Ф.И. бил задржан во Полициската станица Гостивар и по комплетно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информираат од МВР.