236
Вчера во 18.55 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода С.Б.(28) од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба”, по член 236 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната, информираат од МВР.