Приведена 19-годишна косоварка, нелегално престојувала во земјава

од Milan1
266 прегледи

Вчера околу 21.30 часот во тетовско Радиовце, полициски службеници на СВР Тетово ја привеле 19-годишната косовска државјанка Л.М., поради сомнение за илегален влез и престој во земјата.

Таа била затекната во возило што го управувал 21-годишен жител на тетовско Горно Седларце, по што била задржана во полициската станица Тетово за натамошна постапка и ќе се соочи со соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слични содржини