Приведени битолчанец и прилепчанец, кај нив била пронајдена дрога

од Milan1
362 прегледи

Вчера на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода С.О.(48) од Битола и Ш.А.(35) од Прилеп. При претрес во домот и други простории на С.О., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја.

Додека, при преглед на Ш.А. биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од прашкаста материја.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Слични содржини