Албанската полиција приведе пет лица по нередите предизвикани на денешниот протест пред градското собрание на Тирана, организирани од демократите на Бериша, а поддржани од Партијата на слободата на Илир Мета.
Опозицијата по 12-ти пат собра приврзаници пред градското собрание, со барање за оставка на градоначалникот на Тирана Ерион Велиај, а сега и со барање за ослободување на Сали Бериша.
Но, споредено со претходните, насилното однесување на учесниците на протестот почна на самиот почеток, кога се обидоа да ја тргнат металната ограда и се судрија со полицијата.
протести пред градското собрание на Тирана Албанија
Тие фрлаа молотови коктели кон зградата, а во рацете држеа знамиња на ДП, димни бомби и други пиротехнички средства, запалија и автомобилски гуми.
Големиот пожар беше изгаснат, а полицијата беше принудена да употреби и солзавец и водени топови.
протести пред градското собрание на Тирана Албанија
Белинд Келичи од Демократска партија рече дека „секој што ќе ги допре средствата од даноците на граѓаните на Тирана, кој ги ограбил граѓаните, ќе се соочи со правдата и ќе оди таму каде што заслужува“.
-Демократи, не се вознемирувајте и не грижете се. Со вашата битка, со вашиот отпор успеавме да го уништиме планот на Еди Рама кој сакаше да ја остави земјата без опозиција, обвини Келичи.
Додаде дека „општина Тирана е расадник на корупцијата“, и упати повик до полицијата на Тирана да ги „уапси крадците кои се во општината и да не се осмелува да ги допираат граѓаните“.