Приведени тројца малолетници од Скопје за разбојништво

од Radmila Tasevska

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар, денеска привеле тројца малолетници од Скопје, и во присуство на нивните родители извршиле службени разговори со нив.

Малолетниците се приведени поради основано сомнение дека на 28 август на улица „Беласица“ во Скопје со закана со остар предмет одзеле пари од малолетник од Скопје.

Како што известуваат од МВР, во разговорот тие го признале делото, а обезбеден е и видео материјал.

Од приведените биле одземени предмети поврзани со кривичното дело. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини