201
Вчера во 14:35 часот од полициски службеници на Оперативен тим потраги во нас.„Гоце Делчев”, на подрачјето на Гази Баба, бил лишен од слобода А.А.(42) од Скопје.
Тој се барал по потерница од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор. А.А. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна, информираат од МВР.