Пробиена украинската одбрана кај Угледар

од Milan1
79 прегледи

Руската армија успеа да ја пробие одбраната на вооружените сили на Украина западно од Угледар, најзацврстената точка во јужниот дел на Доњецкиот фронт.

Украинските воени аналитичари предупредуваат на опасност за украинската армија во случај на брз пробив на руските единици во оваа насока. Ако Угледар падне, или биде опколен, правецот кон Курахово и јужно кон Запорожје е отворен за Русите.

Во последните денови ситуацијата значително се влоши поради одбивањето да се ротира командата на 72-та бригада, наведува украинскиот канал „Дип стејт“. Ова го принуди военото раководство да донесе помошни резерви од сили кои „не можеа да се справат со налетот на непријателот“. Поради тоа, јуришниот баталјон лоциран во овој дел од бојното поле беше принуден да ја прошири одбранбената линија

Руските вооружени сили сега се пробиваат северно од селото Пречистовка, западно од Угледар. Тие се движат на исток кон Угледар и на север кон Богојавленка за да го пресечат единствениот главен пат кон градот. Овде руските единици зазедоа територија во област широка до 6 километри и во длабочина од 3 километри.

Во текот на викендот, руските трупи се вградија во низа шумски појаси северно од реката Каслагач од Перечистовка до Угледар, освојувајќи ја предната област широка 5,7 километри и во длабочина околу 2,7 километри.

Руски воени извори наведуваат дека од оваа молскавична акција била уништена одбраната на вооружените сили на Украина кај Угледар. Вчерашниот пробив меѓу Пречистовка и Павловка преку реката Кашлагач и влегувањето во десното крило на елитната група доведе до тоа некои украински единици да ги напуштат своите позиции и да побегнат.

Ова ја принуди командата на 72-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина да префрли дел од своите сили од Угледар за да ја затвори дупката во одбраната. Ова им овозможи на Русите да нападнат од југоисток и да се пробијат во областа на викенд-населбите на периферијата на Угледар.

Снимката објавена на каналите Телеграм го покажува пробивот на руските сили западно од Угледар. А борбите веќе се водат на помалку од еден километар од Богојавленскиот пат кој го снабдува Угледар. Со пресекувањето на овој пат, украинските сили во Угледар ќе останат само со рурални патишта.

Исто така, руските единици северно од Угледар, во областа на рудникот Јужнодонбаска бр. 3, почнаа да ги туркаат Украинците од нивните утврдени позиции.

Така, за само два дена е создаден полупрстен низ градот, а известувачите од терен велат дека борбите се интензивираат.

Постои можност украинската команда поради опасност од целосно опкружување на Угледар да донесе одлука за повлекување на своите единици од овој простор.

Слични содржини