32
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје, синоќа околу 20 часот на подрачјето на Карпош, привеле малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од Р.Т., на возраст од 19 години од скопско. Според пријавата, околу 19:35 часот на автобуска постојка на територија на Карпош, две лица го нападнале и му била нанесена повреда со остар предмет, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Кај малолетникот бил пронајден и одземен нож, извршен бил службен разговор во полициската станица – Карпош, во присуство на родител, при што малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, појаснуваат од МВР.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.