Продолжува доделувањето на субвенции за чистење на оџаци

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Градот Скопје и во 2020 година продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

Со Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2020 година, предвидени се субвенции во нето износ најмногу до 1.200 денари Скопје.

До овој момент до Градот Скопје се пристигнати 34 барања за субвенции, а со јавниот повик ќе бидат опфатени исчистените оџаци од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2020 година.

Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следната интернет врска – https://skopje.gov.mk/media/4997/javen-povik-cistenje-odzaci-2020.pdf