Продолжуваат битките во Лигата на нациите

од Vladimir Zorba

Битките на турнирот во Лигата на нации продолжуваат и денеска со дел од возбудливите пресметки. Најголем интерес предизвикуваат две средби. Тоа се Франција – Данска и Белгија – Холандија, кои ќе се играат од 20.45 часот.

Светскиот првак Франција е во серија од седум последователни победи, без пораз од ЕП 2020 кога загуби од Швајцарија по изведување пенали. Франција има добра статистика против Данска и се очекува да не ја расипе.

Регионалното дерби меѓу Белгија и Холандија ќе биде жешко и на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел. „Црвените ѓаволи“ веќе осум последователни натпревари немаат пораз од соседите и ќе се обидат да ја продолжат оваа традиција.

Друг интересен натпревар е Хрватска против Австрија, а на кормилото на Австријците ќе дебитира поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник.

Сигурно ќе имаме уште една интересна фудбалска вечер и на навивачите дефинитивно нема да им биде досадно.

Слични содржини