Производителот на трокраката ѕвезда за „Мерцедес“ прогласи банкрот

од Milan1
43 прегледи

Германската автомобилска индустрија доживува тешки времиња. Во глобална криза каде големите играчи како „Volkswagen“, „ZF“, „Continental“ и „Bosch“ веќе се соочуваат со предизвици како што се намалувања на платите, затворање фабрики и отпуштања, дојде нов проблем.

Компанијата „Герхарди“ (Gerhardi Kunststofftechnik), која меѓу другото ја произведе „ѕвездата со три краци“ за Мерцедес, прогласи банкрот.

Во компанијата се вработени вкупно 1.500 луѓе, а според стечајниот управител, нивната судбина се уште не е позната.

Герхарди е еден од најголемите производители на технички софистицирани пластични делови во Европа, според веб-страницата на компанијата. Покрај локациите во Лиденшајд, Алтена и Ибенбирен, „Герхарди“ има и подружница во САД.

Компанијата има долга историја и е основана во 1796 година, пишува „Блумберг“.

Компанијата „Герхарди“, што ги прави ѕвездите со три краци монтирани на моделите на Мерцедес – е еден од стотиците мали производители во синџирот на снабдување со автомобили во Европа кои се обидуваат да „одржат живи“ додека производителите на автомобили го намалуваат производството за да се справат со слабата продажба и тешката транзиција кон електрични возила .

Оваа година европските производители на делови најавија укинување на 53.300 работни места, од кои повеќето се во Германија.

Ова е повеќе отколку за време на пандемијата на коронавирус, кога фабриките и салоните беа затворени со месеци. И со високите цени на енергијата на континентот и заканата од влошување на трговските врски со САД, следната година може да биде исто толку лоша, ако не и полоша.

Слични содржини