Умерено до значителна облачно време со слаб а на некои повисоки места умерен ветер од источен и североисточен правец. Во дебарскиот регион дува умерен повремено засилен ветер од источен правец.

bitola1

Променливо облачно време, кон крајот на денот во југоисточните делови ќе има  услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен  ветер од источен и североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

 Во Скопје:Променливо облачно, со слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температурата ќе достигне до 15 степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот: 70 Маврови Анови, 20 Лазарополе, 10 Крушево, 8 Пожаране, 6 Пожар (Конче), 3 Ѓуриште.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ-1 Берово и Кр.Паланка, 0 Лазарополе, Маврово и Крушево, 1 Претор, 2 Битола и Охрид, 3 Прилеп, Д.Капија, Кавадарци и Виница, 4 Тетово, 5 Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 6 Скопје-Петровец, Штип, Куманово и Дојран, 8 Дебар .

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Во среда и четврток под влијание на посвежа воздушна маса од североисток, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините со повремен снег. Ќе дува претежно североисточен ветер кој ќе услови опаѓање на дневната температура за околу 5 степени.

 

Слични содржини