Телата на двајца странци кои беа затрупани од лавина додека скијаа беа пронајдени во познато скијачко одморалиште во централна Јапонија, соопшти денес јапонската полиција.
Полицијата на префектурата Нагано соопшти дека двајцата мажи биле меѓу петте странски скијачи кои биле фатени во лавина во неделата попладне на источната падина на планината Хакуба Норикура, каде што групата скијала.
Спасувачите денес пристигнаа на местото на несреќата и извлекоа двајца мажи, за кои се претпоставува дека се мртви.