23
Од страна на Медицински центар Гевгелија синоќа во 23 часот било пријавено дека во станбена зграда на улица „Љубланска“ во Гевгелија било пронајдено починато машко лице без документи за идентификација, соопштија денеска од СВР Струмица.
– Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, информираат од МВР.