Пронајдени 200 исчезнати деца во акција на американската маршалска служба

од Milan1
47 прегледи

Американската маршалска служба (USMS) пронашла 200 исчезнати деца, вклучително и жртви на сексуална трговија, малтретирани деца и избегани во шестнеделна операција низ Соединетите држави, објави американското Министерство за правда.

„Една од најважните мисии на оваа служба е да ги лоцира и врати нашите исчезнати деца. Ова е меѓу нашите приоритети бидејќи сè уште има илјадници деца кои се водат за исчезнати“, изјави директорот на УСМС Роналд Дејвис, пренесува „Епох тајмс“.

Од пронајдените деца, 173 побегнале од дома, двајца биле киднапирани, додека 25 деца се водат како исчезнати. Најмалото дете било петмесечно бебе.

Операцијата „Ќе те најдеме“ беше спроведена со федерални, државни и локални агенции од 20 мај до 24 јуни и беше втора од ваков вид во области со голем број исчезнати деца – во Аризона, источниот округ на Калифорнија, јужниот округ на Флорида, Западниот округ на Мичиген, Источниот округ на Северна Каролина, Јужните и Источните окрузи на Њујорк и во Орегон.

Меѓу случаите се и деца кои биле жртви на сексуална трговија, но и оние кои побегнале од дома поради силување извршено од членови на семејството, пренесува РТ Балкан.

Слични содржини